Дома Топ вести Трансфери во живо: Обамејанг блиску до Лондон, Клоп го сака Хамес, Јунајтед му кажа НЕ на Роналдо

Трансфери во живо: Обамејанг блиску до Лондон, Клоп го сака Хамес, Јунајтед му кажа НЕ на Роналдо

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– Официјално: Баерн Минхен потпиша договор со Леон Горетцка кој во клубот ќе пристигне по завршувањето на актуелната сезона (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Договорено: По Пике, Барселона договори и продолжување на договорот на Серхио Роберто со откупна клазула од 500 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Фернандињо стави потпис на нов договор со Манчестер Сити со важност до 2020 година. (ОВДЕ)

Џанлука Ди Марцио пренесува дека спремен е да испрати понуда од 50 милиони евра и Мичу Батшуаи во замена за Един Џеко и Емерсон Палмери. (ОВДЕ)

– Според француските медиуми, Едисон Кавани повеќе не сака да биде во сенка на Нејмар и доколку Бразилецот остане во ПСЖ, тој ќе побара трансфер. Наводо во игра е враќање во Италија. (ОВДЕ)

– Според Ди Марцио, Пјер Емерик Обамејанг ги договорил личните услови и во Лондон ќе заработува 10 милиони евра по сезона за договор до 2021 година, додека Дортмунд се очекува да добие оштета од 60 милиони евра.

– Наводно, Манчестер Јунајтед покажал интерес за фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери, како што се споменува се очекува сумата да изнесува 35 милиони фунти.

– Според последните информации: Арсенал се откажува од Малком и Бразилецот нема да биде доведен, се смета дека причина е веќе постигнатиот договорениот трансфер на Обамејанг.

– Размената Санчез – Михтаријан се очекува да биде заврешена во текот на денот.

– Како што пренесува „Дејли Експрес“ Манчестер Јунајтед се откажал од намерата да го доведе Герет Бејл, како причина се наведува повредата на Велшанецот.

– Стигна потврда и од агентот на фудбалерот, Един Џеко преговара со Челзи. (ОВДЕ)

– Како што дознаваат англиските медиуми сега Тотенхем е најблиску до доведување на Бразилецот, Малком од Бордо.

– Интер е спремен да му понуди плата на Даниел Стариџ од 120.000 евра неделно за да го доведе на позајмица.

– По најавите дека Кавани сака да го напушти Париз, италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е прв фаворит за негово доведување. (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед ја затвара вратата за доведување на Кристиано Роналдо. (ОВДЕ)

– Трансферот на Рафиња од Барселона во Интер изгледа е завршена работа. (ОВДЕ)

-Официјално: Робин Ван Перси се врати во Феенорд.

– Рома и Јувентус водат битка за потписот на ѕвездата на Аталанта и италијански репрезентативец, Барајан Кристанте.

– Јирген Клоп е силно заинтересиран за Хамес Родригез кој моментално настапува во Баерн Минхен како позајмен играч од Реал Мадрид.

– Германски „Билд“ тврди дека трансферот на Обамејанг во Арсенал е пред реализација!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…