Дома Топ вести Челзи го губи компасот: 50 милиони евра, плус „џокерот“ за Един Џеко и бекот од Рим!

Челзи го губи компасот: 50 милиони евра, плус „џокерот“ за Един Џеко и бекот од Рим!

Менаџерот на Антонио Конте е во потрага по напаѓач и лев бек.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фановите на Челзи веројатно се и по малку загрижени за трансфер политиката која ја води актуелниот шампион. „Сините“ во последно време се распрашуваа за Енди Керол, а потоа следуваше и интерес за Питер Крауч, тука беше јасно дека „сините“ го изгубија компасот…Додека тоа што Конте не успева да го доведе Фернандо Љоренте е друга работа.

Сега Италијанецот ќе се обиде да реши два проблема со еден потег.

Имено како што пренесуваат италијанските медиуми, Челзи ќе се обиде да ги доведе Един Џеко и Емерсон Палмери од Рома.

Последните денови во медиумите на Чизмата и Островот пишуваа за интересот за Емерсон, а во текот на вчерашниот ден се појави информација дека клубот веќе ја спремил понудата.

Секогаш добро известениот италијански новинар на „Скај“ Џанлука Ди Марцио пренесува дека Челзи е спремен да испрати 50 милиони евра, плус Мичу Батшуаи за во пакет да ги добие Един Џеко и Емерсон.

Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо како и спортскиот директор Мончи до овој момент не сакаа да слушнат за продажба на Џеко, но останува да се види како ќе реагира клубот по оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…