Јувентус е спремен да направи потрес на европскиот пазар и во своите редови да го донесе еден од најдобрите напаѓачи во светот!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денешното издание на „Кориере дело Спорт“ пренесува дека главна трансфер цел на „старта дама“ за следната сезона е напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани.
Кавани е во „ладна војна“ со Нејмар и е спремен на крајот на сезоната да ја промени средината, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Наводно, „бјанконерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент, кој дал зелено светло за трансферот бидејќи Уругваецот сака да се врати на Апенините.
Јувентус нема да жали пари и наводно е спремен да понуди 80 милиони евра, а ако се реализира овој трансфер „старата дама“ ќе има напад од сонишатата – Кавани – Игуаин – Дибала.
