Дома Топ вести Трансфери во живо: ПСЖ ја засили одбраната, Ракитиќ понуден на Клоп, замената за Нејмар игра во МАДРИД…

Трансфери во живо: ПСЖ ја засили одбраната, Ракитиќ понуден на Клоп, замената за Нејмар игра во МАДРИД…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција

благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


–  Имено, агентот на фудбалерот Родриго Фернандес Ловел и фудбалерот се разочарани поради тоа што дресот со број девет кој го носеше Лукас Перез му е доделен на Александар Лаказет, поради тоа тој најави враќање во неговиот поранешен клуб Депортиво Ла Коруња. (ОВДЕ)

– Менаџерот на ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, шпекулациите за трансфер на Герет Бејл во Манчестер Јунајтед ги нарече несериозни и глупави. (ОВДЕ)

– Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола најави доведување на централен дефанзивец, во игра се Холгар Бадштубер, Иниго Мартинез и Ван Дајк. (ОВДЕ)

– Официјално: Поранешниот фудбалер на Барселона, Џонатан Дос Сантос, кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Галакси. Тој во американскиот клуб ќе му се придружи на неговиот постар брат Џовани.

– Oфицијално: Баерн доведе две нови засилувања. Себастијан Руди и Николас Сул утрово ги поминаа медицинските прегледи по што ќе стават потпис на договор со германскиот гигант.

– Поранешниот фудбалер на Јувентус, Милош Красиќ кој настапува за тимот од Полска, Легија, би можел да се пресели во редовите на австралискиот шампион, Сиднеј.

Робин Ван Перси е пред враќање во холандски Фејенорд. Наводно, Холанѓанецот веќе ги договорил личните услови со неговиот поранешен клуб, во праашање е договор на една година со можност за продолжување на уште една. Единствен проблем е раскинувањето на договорот со Фенербахче.(ОВДЕ)

– „Тутоспорт“ пренесува дека напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне, кој прикажува одлични настапи на подготвителните натпревари на „росонерите“ би можел да биде замената за Андреа Белоти во Торино.

Лучијано Спалети и конечно потврди дека интересот на Интер за Иван Перишиќ е минато и дека таа тема е затворена.

– И повторно Нејмар. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Бразилецот веќе и соопштил на управата на Барселона дека сака да замине. Според споменатиот медиум, Нејмар разговарал и со соиграчите, па трансферот во ПСЖ веројатно е само прашање на време.

Антонио Конте и Челзи се враќаат по Алекс Сандро. Наводно, Италијанецот спремил нова подобрена понуда од 68 милиони евра за услугите на одличниот Бразилец, пренесува британски „Тајмс“.

Нејмар, Нејмар…Клубот од Париз има јасен план и на сите начини се обидува да го доведе Нејмар, а како што пишуваат француските медиуми овој клуб е подготвен да испрати и еден играч како дел од трансферот. (ОВДЕ)

– Maнчестер Јунајтед му нуди нов договор на Херера. „Ѓаволите“ на Херера му нудат договор на четири години според кој тој би заработил 11 милиони евра.

– Барселона не се откажува од услугите на Фелипе Кутињо. Каталонците сега се спремни во понудата за Бразилецот да го вклучат и Иван Ракитиќ.

– Екипата на ПСЖ, додека ја чека одлуката на Нејмар успеа да доведе дефанзивец од редовите на Естудијантес. Во прашање е централниот дефанзивец Хуан Фојт. (ОВДЕ)

– БОМБА од Шпанија: Замена за Нејмар би можел да биде фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Како што наведуваат шпанските медиуми Барселона е спремна да ја плати клазулата за Гризман која изнесува 100 милиони евра, во тој случај „Јорганџиите“ ништо не би се прашувале.

– Според италијанските медиуми екипата на Јувентус е спремен да ја плати клазулата и во своите редови да го доведе Вилијам Карваљо од редовите на Спортинг. (ОВДЕ)

– Екипата на Ница после Марио Балотели во своите редови би можеле да доведат уште еден одличен фудбалер, се работи за Весли Снајдер кој во клубот би пристигнал како слободен фудбалер откако го раскина договорот со турскиот гигант Галатасарај.(ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …