Дома Трансфер зона ПСЖ подготвен да го понуди својот играч и плус пари за Нејмар

ПСЖ подготвен да го понуди својот играч и плус пари за Нејмар

Трансфер сагата во врска со преминот на Нејмар во ПСЖ не е готова.

Клубот од Париз има јасен план и на сите начини се обидува да го доведе Нејмар, а како што пишуваат француските медиуми овој клуб е подготвен да испрати и еден играч како дел од трансферот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ во случај на пристигнување на Нејмар ќе ја активира откупната клаузула од неверојатни 222 милиони евра, но се шпекулира дека ќе го понуди и Анхел Ди Марија, како дел од трансферот. ПСЖ треба од Барса да плати одредена сума на пари за Аргентинецот за да ги покрие трошоците за даноци кон државата за трансферот на Нејмар.

Наводно, ПСЖ ќе понуди дури тројца свои фудбалери во замена за Нејмар и одредена сума на пари. Како што пишуваат медиумите во Франција, клубот од Париз е подготвен да ги испрати Анхел Ди Марија, Блез Матуиди и Лукас Моура.

Иако ова се само шпекулации, изгледа дека Барселона би можела да попушти во овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…