Дома Топ вести Трансфери во живо: Нејмар кажа ДА, Обамејанг останува, Интер не попушта

Трансфери во живо: Нејмар кажа ДА, Обамејанг останува, Интер не попушта

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-ПСЖ е спремен да ги сруши сите рекорди и да ја активира откупната клаузула на Нејмар која изнесува 222 милиони евра. Сега се е во рацете на играчот (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид одбил неверојатна понуда од 85 милиони евра за Мората од Милан (ОВДЕ).

– Официјално: Џанлука Лападула го напушти Милан и потпиша 5-годишен договор со Џенова. „Росонерите“ од неговата продажба ќе заработат 13 милиони евра.

– Денешното издание на „Тутоспорт“ пренесува дека Челзи понудил 100 милиони евра за Гонзало Игуаин, но Јувентус експресно ја одбил понудата. Конте бара замена за Диего Коста, но „старата дама“ не сака да се раздели со Аргентинецот.

– Британскиот „Скај Спорт“ пренесува дека Иван Перишиќ наскоро ќе стане нов играч на Манчестер Јунајтед и дека „црвените ѓаволи“ се блиску до постигнување на договор со Интер (ОВДЕ).

– Милан наскоро ќе испрати нова понуда до Торино за Андреа Белоти. „Росонерите“ се спремни да платат 50 милиони евра во кеш, плус Нианг и Палета, како и позајмица на младиот Локатели.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Пеп Гвардиола сака да донесе уште еден голман за ротација и дека изборот паднал на Пепе Реина (ОВДЕ).

Анхел ди Марија потврди дека нема намера да го напушти Пари Сент Жермен и дека сигурно ќе остане во Париз. (ОВДЕ)

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е заинтересиран за играчот на ПСЖ, Криховјак и дека трансферот би можел да изнесува 18 милиони евра (ОВДЕ).

– Милан му порача на Јувентус дека Мануел Локатели не е на продажба. Младиот играч за врска најверојатно ќе биде испратен на едногидошна позајмица во некој клуб од Серија А.

Војчех Шчешни денес пристигна во Торино на медицински прегледи, па се очекува до крајот на денот и официјално да стави потпис на договорот со Јувентус.

Чупо Мотинг е во потрага по нов клуб откако му истече договорот со Шалке. За него интерес покажуваа неколку турски клубови, а сега како најреална дестинација се споменува Борусија Мехенгладбах.

– Ливерпул е на чекор до доведување на левиот бек на Хал, Енди Робертсон. „Црвените“ за него ќе платат 9 милиони евра, а Клоп конечно ќе добие алтернатива за Џејмс Милнер кој принудно игра на таа позиција.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем не се откажува од намерата да го донесе Матео Ковачиќ во своите редови. Првата понуда од 25 милиони евра беше одбиена, но „спарси“ спремаат нова, подобрена понуда.

– Интер е спремен да ја активира откупната клаузула на играчот за врска на Фиорентина, Матијас Вечино. Уругваецот има откупна клаузула од 24 милиони евра која „нероаѕурите“ се спремни да ја платат.

– Вест Хем е во потрага по напаѓач, па после неуспехот да го доведе Марко Арнаутовиќ сега ќе се сврти кон мексиканскиот голгетер, Чичарито. Леверкузен за неговата слобода бара 19 милиони евра.

– Арсенал е одлучен во намерата да го доведе Томас Лемар од Монако и е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд (ОВДЕ).

Де Шиљо го напушти тренинг кампот на Милан во Кина и денес ќе отпатува за Торино каде ќе потпише 5-годишен договор со Јувентус. „Бјанконерите“ за неговиот потпис ќе платат 12 милиони евра.

– Германскиот „Скај Спорт“ пренесува дека Обамејанг донел конечна одлука за својата иднина и сигурно останува во Борусија Дортминд. Играчот и клубот ги одбиле сите понуди и наскоро ќе почнат преговори за продолжување на договорот.

Антонио Касано и се е можно! Само една недела откако потпиша договор со Верона, денес „Фантаснионио“ одлучи да се пензионира и да стави крај на својата кариерата (ОВДЕ)

– БОМБА: Најеминентните француски медиуми тврдат дека Нејмар ја прифатил понудата од ПСЖ и дека во наредните денови „светците“ ќе ја активираат откупната клаузула која изнесува 222 милиони евра.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Наинголан и Рома постигнале согласност за продолжување на соработката, па Белгиецот утре ќе стави потпис на нов договор до 2022 година и со тоа ќе стави крај на сите шпекулации околу својата иднина.

– Иако утрово англиските медиуми тврдеа дека Манчестер Јунајтед постигнал договор со Интер за трансфер на Иван Перишиќ, сепак Хрватот ќе патува со тимот на подготовки во Кина. (ОВДЕ)

– Официјално: Џо Харт го комплетираше трансферот во Вест Хем и денес го одработи првиот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…