Дома Топ вести Сега се зависи од Нејмар – ПСЖ спремен да плати 222 милиони!

Сега се зависи од Нејмар – ПСЖ спремен да плати 222 милиони!

ПСЖ има намера да ги сруши сите трансфер рекорди и е подготвен на Барселона да ѝ плати 222 милиони евра за Бразилецот Нејмар, колку што изнесува откупната клаузула.

Шпанските медиуми пред неколку денови објавија дека членови на семејството го советувале Нејмар да ја напушти Барселона за да излезе од „сенката на Меси“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нивното мислење е дека Нејмар не може да биде конкурентен и да освојува индивидуални награди сè додека игра во ист тим со аргентинскиот ас.

25-годишниот Бразилец има договор со Барселона до јуни 2021 година, а ова не е првпат тој да се поврзува со трансфер во некоја друга екипа.

Потврда пристигна од сите страни дека ПСЖ е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 222 милиони евра, притоа на Нејмар му нуди годишна плата од 30 милиони евра.

Сега се е во рацете на Нејмар, па доколку ја прифати понудата ќе бидеме сведоци на најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…