Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо го доби Алдервајлед, сагата за Модриќ продолжува, Барса спреми понуда за Погба

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мурињо го доби Алдервајлед, сагата за Модриќ продолжува, Барса спреми понуда за Погба

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– Сагата околу иднината на Лука Модриќ продолжува. Додека Спалети го чека Хрватот во Милано, Лопатеги тврди дека останува во Мадрид (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Мурињо конечно го доби посакуваното засилување за одбраната. Трансфреот на Тоби Алдервајлед ќе биде комплетиран во следните 48 часа за 60 милиони фунти.

-Анталијаспор испрати понуда за Илија Несторовски од 5 милиони евра. Сега се очекува одговор од Палермо (ОВДЕ).

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер се вклучува во траката за Сергеј Милинковиќ-Савиќ. „Нероаѕурите“ сакаат да ја искористат истата формула која ја понуди Милан, па на Лацио му нудат 30 милиони евра за едногидишна позајмица и 70 милиони за откуп следното лето, плус услугите на Рамирез кој е во сопственост на Сунинг.

– „Скај Италија“ пренесува дека Паоло Малдини ќе се врати во Милан и ќе добие функција на потпретседател. (ОВДЕ)

БОМБА од Мундо Депортиво! Весникот пренесува дека Мино Раиола утре ќе допатува во Манчестер со понуда тешка 100 милиони фунти за Погба од Барселона.

-Челзи спрема нов договор за Еден Азар. Англиските медиуми тврдат дека „сините“ му понудиле на Белгиецот 300.000 фунти неделно, со што би станал еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

-Бразилецот Бернард сака да се пресели во Милан и поради тоа е спремен да ги осбие понудите од Челзи и Вест Хем.

-Спортскиот директор на Милан, Леонардо моментално се наоѓа во Париз каде ќе се обиде да го договори трансферот на Адриен Рабио.

– Познати деталите од трансферот на Марко Пјаца во Фиорентина. Едногодишна позајмица за 2 милиони евра и откуп следното лето за 20 милиони евра. Јувентус ќе има можност да го врати Хрватот во следните две години за 26 милиони евра.

– Иако се тврдеше дека Анхел ди Марија е на излезна врата од Пари Сент Жермен, се чини дека ситуацијата се промени. Угледниот „Екип“ тврди дека Аргентинецот е блиску до продолжување на договорот со „светците“.

– Медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Челзи започнале преговори за трампа Марсијал – Вилијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …