Дома Топ вести Трансфери во живо: Реал Мадрид размислува за Рашфорд, Ливерпул сака нов Хрват, Буфон пристигна во Париз

Трансфери во живо: Реал Мадрид размислува за Рашфорд, Ливерпул сака нов Хрват, Буфон пристигна во Париз

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа. Пред да започнеме можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.

-Главна тема и денес е трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус. Последните информации се дека Жорге Мендеш го напуштил Мадрид и дека и дал „зелено светло“ на „старата дама“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата околку Кристиано Роналдо. Бордот на директори ја разгледува понудата на Јувентус и е спремен да влезе во траката за Португалецот (ОВДЕ).

„Бомба“ од Островот: Јирген Клоп тргнува по ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и веќе ги направил првите контакти со агентот на Аргентинецот. (ОВДЕ)

Атлетико Мадрид е пред комплетирање на трансферот на Желсон Мартинс од Спортинг Лисабон за 30 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид замената за Роналдо ја пронашол на Островот и дека главна мета е ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Џанлуиџи Буфон моментално се наоѓа на лекарски прегледи во Париз, каде во понеделник треба и официјално да биде претставен како нов голман на ПСЖ.

Џек Вилшер го напушта Арсенал, но останува во Лондон. Играчот за врска се договори со Вест Хем и наскоро се очекува да стави потпис на договорот (ОВДЕ).

Челзи ја доби трката за потписот на ѕвездата на „Зборнаја“ Александар Головин, кој ќе биде промовинар со синиот дрес веднаш по завршувањето на Мундијалот.

Македонскиот фудбалски клуб Силекс денес го претстави најзвучното засилување. 28-годишниот камерунски играч за врска, Луис Есенгуе Парфаит кој е поранешен играч на Џенова (ОВДЕ).

Гуангжу Евергранде сакаат да го вратат Паулињо во своите редови и доставиле понуда до Барселона тешка 50 милиони евра. (ОВДЕ)

Лацио е заинтересиран за играчот на Милан Фабио Борини. „Росонерите“ за неговата слобода бараат 10 милиони евра.

Евертон е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Јери Мина, кој блесна на Мундијалот. Силен интерес за Колумбиецот покажува и Фенербахче.

– Идниот тренер на Челзи, Маурицио Сари како главна желба во летниот преоден рок го посочил голманот на Рома, Алисон Бекер.

– Јирген Клоп ги разочара фановите на Ливерпул и потврди дека Лорис Кариус и следната сезона ќе биде прв голман за тимот од „Енфилд“.

– Јирген Клоп ги разочара фановите на Ливерпул и потврди дека Лорис Кариус и следната сезона ќе биде прв голман за тимот од „Енфилд“.

– Рома тргнува по ѕвездата на шведската репрезентација и играч на Лајпциг, Емил Форсберг.

– Најтрофејниот македонски клуб Вардар денес се засили со 24-годишниот дефанзивец од Аргентина, Николас Хозе Херанц, кој потпиша двегодишен договор.

– Официјално: Вања Милинковиќ Савиќ од Торино заминува во СПАЛ како позајмен играч

– Официјално: Фабијан Руиз е нов играч на Наполи

– Според последните информации од Островот, Манчестер Јунајтед би можел да ја разгледа опцијата да му понуди нов договор Џеси Лингард. Според кој би заработувал 150 илјади фунти неделно.

– Јирген Клоп би можел да тргне по потписот на хрватскиот дефанзивец, Домагој Вида. (OВДЕ

– Официјално: Јакуб Јакхто го комплетираше трансферот од Удинезе во Сампдорија

ОФИЦИЈАЛНО: Буфон нов голман на Пари Сен Жермен. Легендарниот чувар на мрежата со клубот од Париз потпиша договор на две години (ОВДЕ)

– Откако Интер пред неколку дена го потврди трансферот на Лаутаро Мартинез на својата официјална страна, фудбалерот вечерва пристигна во Милано.

– Според информациите на „Скај Спорт“ Арсенал започнал преовори со фудбалерот на Севиља Стивен Нзози.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …