Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, се инспирирал од гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид ова лето. Во последниве денови се погласни се шпекулациите дека Португалецот е пред сензационален трансфер во Јувентус.
Шефот на „црвените ѓаволи“, сепак, е подготвен да се приклучи на наддавањето. За таа цел, Вудворд се ангажирал со задача да ги истражи сите параметри од понудата на Јувентус за Кристиано Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Понудата на италијанскиот клуб до Реал Мадрид изнесува 100 милиони евра, а Роналдо ќе добива 30 милиони евра за сезона. Овие суми не се проблем за Манчестер Јунајтед и од „Олд Трафорд“ се подготвени да му понудат на Роналдо слични услови како и договор за три години.
Според „Сан“, Вудворд и бордот на директори на Манчестер Јунајтед не гледаат никаква причина да не се вклучат во битката за Роналдо и да не започнат преговори со неговиот агент Жорге Мендеш. Шефовите на клубот веруваат дека тимот на Жозе Мурињо има потреба од голема ѕвезда, за да се врати на врвот, а привлекувањето на петкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе биде голем удар и од маркетиншка гледна точка.