Дома Топ вести Трансфери во живо: Гарај во Русија, Зидан го сака Санчез, Кутињо и Дембеле „штрајкуваат“

Трансфери во живо: Гарај во Русија, Зидан го сака Санчез, Кутињо и Дембеле „штрајкуваат“

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Барселона и нејзините трансфер цели и денес се главна тема во спортските медиуми. Имено, Кутињо и Дембеле „штрајкуваат“ затоа што нивните клубови не ги пуштаат да се преселат на „Камп Ноу“ (ОВДЕ)

– Бомба од Англија: Вилијам Карваљо е пред трансфер во Вест Хем. Имено „чеканите“ се спремни да ја платат откупната клаузула за играчот на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец, која изнесува 40 милиони евра.

– Тотенхем конечно го договори првото засилување ова лето. Станува збор за дефанзивецот на Ајакс, Давинсон Санчез за кого „спарси“ ќе платат 35 милиони евра. (ОВДЕ)

– Челзи е на маки поради Диего Коста. Напаѓачот сака да се пресели во Атлетико Мадрид, но дури во јануари. Најверојатно Коста до тогаш ќе остане и ќе зема плата од Челзи.

– Главна вест во Шпанија денес е дека Зинедин Зидан добива нов договор. Францускиот стратег наскоро ќе потпише нов тригодишен договор со „кралевите“. (ОВДЕ)

– Милан не се откажува од Андреа Белоти. Спортскиот директор на „росонерите“ Мирабели вчера присуствуваше на натпреварот Торино-Трапани, а напаѓачот постигна хет-трик.

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан покажува инетерс за Алексис Санчез, но Перез не се согласува со трансферот (ОВДЕ).

– Како што пренесуваат руските медиуми Езекил Гарај е пред трансфер во Спартак Москва. Рускиот клуб постигнал договор со Валенсија и за Аргентинецот ќе плати 20 милиони евра.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Сампдорија е на добвар пат да го донесе напаѓачот на Гремио, Луан. Тоа би требало да биде најскапото засилување во историјата на клубот за кого Сампдорија ќе плати 20 милиони евра.

– Валверде отпиша пет фудбалери на Барселона и им ја отвори излезната врата од „Камп Ноу“ (ОВДЕ).

– Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул донел конечна одлука и ја одредил цената за Филипе Кутињо (ОВДЕ)

– Џефри Кондогбија сака по секоја цена да го напушти Интер и вчера не се појави на тренингот. Валенсија преговара со играчот, но не е спремна да ја плати сумата која ја бара Интер.

– Екс играчот на Интер, Родириго Паласио најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Болоња. Аргентинецот е слободен агент и ќе потпише едногодишен договор со калчолигашот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…