Дома Топ вести Прават СЕ за трансфер во Барса: „ШТРАЈК“ на Кутињо и Дембеле!

Прават СЕ за трансфер во Барса: „ШТРАЈК“ на Кутињо и Дембеле!

Продолжува сагата околу главните мети на Барселона во овој момент, Фелипе Кутињо од Ливерпул и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд. Каталонски „Спорт“ своето денешно издание го посвети на „штрајкот“ на главните мети на Барселона.

Бразилецот, Фелипе Кутињо, само неколку часа откако Ливерпул објави официјално соопштение во кое порачува дека тој не е на продажба, испрати официјално барање до клубот за негов трансфер со што јасно стави до знаење дека сака трансфер во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од друга страна познато е дека Дембеле намерно го пропушти тренингот на Борусија Дортмунд поради што беше суспендиран и парично казнет. „Спорт“ додава дека младиот Французин одбива да преговара со управата на „милионерите“, негова единствена желба е трансфер во Барселона.

Наводно преговорите за трансфер на Дембеле ќе бидат продолжени во понеделник.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…