Дома Топ вести Трансфери во живо: Челзи размислува за Жиру, Стариџ најблиску до Италија, Борусија и Арсенал во преговори…

Трансфери во живо: Челзи размислува за Жиру, Стариџ најблиску до Италија, Борусија и Арсенал во преговори…

Како што зимскиот преоден рок се наближува до крајот станува се повеќе интересно. Нашата редакција е тука за секогаш правовремено да ве известува за сите трансфери и трансфер новости. Со Спортски бидете во тек…

– По вчерашните информации дека ПСЖ ќе го пушти Нејмар само под еден услов, денес е појавуваат нови според кои Бразилецот не е среќен во Париз и дека би прифатил и помала плата за трансфер во Реал Мадрид. (ОВДЕ)

– Според информациите на италијанските медиуми, фудбалерот на Расинг, Мартинез постигнал вербален договор со тимот на Интер. (ОВДЕ)

– Лукаш Моура кој доби дозвола да го напушти Париз би можел да се пресели во редовите на Тотенхем (ОВДЕ)

– „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид наредното лето на располагање ќе го има најголемиот буџет во историјата на фудбал, станува збор за сума поголема од 400 милиони евра (ОВДЕ)

– Поранешниот фудбалер на Челси и репрезентативец на Франција, Флорен Малуда до крајот на сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во клуб од Луксембург (ОВДЕ)

– Арсен Венгер истакна дека нема намера да го вклучува Оливие Жиру во понудата за Пјер-Емерик Обамејанг и напомена дека двата клуба се далеку од договор, додека од Дортмунд порачуваат дека Арсенал ќе мора да го собори нивниот трансфер рекорд доколку го сака Габонецот. (ОВДЕ)

– Една од метитие за т.н револуција во Реал Мадрид изгледа е Еден Азар кој би бил резервна опција доколку пропадне обидот на „кралевите“ да го доведат Нејмар.

– Официјално: По двете неуспешни авантури во Интер и Бенфика, Габигол се врати во Бразил во тимот на Сантос како позајмен фудбалер од редовите на „нероаѕурите“.

– Официјално: Поранешниот фудбалер на Парма, Манчестер Сити, Јувентус...Валери Божинов е нов член на Ријека за која настапува нашиот интернационалец, Леонард Жута. (ОВДЕ)

– Како што пишува „Дејли Мирор“, тимот на Челзи размислува да тргне по потписот на Оливие Жиру од Арсенал.

– Фудбалерот на Ливерпул, Даниел Стариџ во овие момент е најблиску до трансфер во редовите на Интер (ОВДЕ)

– Раководството на Интер го продолжи договорот со младиот централен дефанзивец Зино Ванхеусден со нов договор до 2022 година. (ОВДЕ)

– Како што пишуваат англиските медиуми Арсенал испратил понуда за Џони Еванс во која го вклучил Матија Дебуши и 10 милиони фунти. (ОВДЕ)

– Според англиските медиуми, Жозе Мурињо ќе се обиде да го доведе Матео Ковачиќ од Реал Мадрид. (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…