Немаат проблем со ФФП, минатото лето клубот беше во плус од околу 170 милиони. Доколку го пресметаме она што го имаат на располагање за трошење, плус продажбите кои се спремни да ги направат доаѓаме до неверојатна сума…
Реал Мадрид ќе прави револуцација, барем така тврди „Марка“ која неофицијално важи за гласило на „Лос Блаконси“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено од 2014 година во клубот немаше посериозни вложувања, финансиски клубот стои одлично, далеку од било какви лимити на ФФП и можат да вложат и 300 милиони евра без никакви продажби.
Доколку тука го додадате евентуалното заминување на Бејл и Бензема, двоец кој може да донесе уште стотина милиони евра во касата, а да не зборуваме за Роналдо. Според тоа нема сомневање дека Перез ќе има прилика да ја потроши најголемата сума во историјата на фудбалот.
Сето тоа на располагање ќе го има веројатно некој друг тренер, најблиску до клупата на „кралевите“ во овој момент е Јоаким Лев. Постои можност Зидан да биде променет после првиот натпревар против ПСЖ, но во овој момент вистински решенија нема, па веројатно тоа го држи Зидан уште на клупата.
Но, тоа е друга тема сега зборуваме за фудбалерите.
Кого Перез би можел да го доведе.
Потребен му е голман, Де Геа од Јунајтед е опција, но „ѓаволите“ нема да го пуштат Шпанецот за помалку од 100 милиони евра.
На листата се уште Нејмар и Кејн за кого потребно е да потрошат повеќе од 200 милиони евра, но прашање е колку е тоа реално. Некои информации говорат дека за толку Челси ќе го пушти Азар, но на Реал потребни му се повеќе од две или три засилувања.
Сеедно како и да е во летниот преоден рок веројатно ќе бидат вложени околу 400 милиони и сигурно дека наредната сезона ќе гледаме нов Реал.