Голем дел дел од познатите фудбалери кога ќе навлезат во поодминати фудбалски години бараат ангажмани во САД, Кина, Катар…Но, поранешниот репрезентативец на Франција и фудбалер на Челси избра да игра во Луксембург.
Флорен Млауда кој сега има 37 години до крајот на сезоната ќе настапува во тимот на Диферданге од Луксмебург.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Зошто Малуда се одлучи кариерата да ја заврши во Луксембург објасни претседателот на клубот.
„Баравме клуб во кој би можел да тренира и се договоривме да дојде кај нас до крајот на сезоната. Сепак ние веќе десет години сме во топ три екипи во нашата лига, а игравме и во европските купови“, соопштија од клубот.
Малуда својот последен ангажман го имаше во индискиот Делхи Динамо, клуб кој го напушти летото 2017 година.