Се уште не е јасно што ќе се случи со Пјер-Емерик Обамејанг и дали тој ќе се пресели во редовите на Арсенал.
Според реномираниот „Скај Спорт“, Арсенал ќе му дозволи на Оливие Жиру да го напушти клубот, но само ако во Лондон пристигне Обамејанг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Милионерите“ ја одбија последната понуда на Арсенал за Габонецот во износ од 50 милиони фунти, а според извори на „Скај Спрот“ претставниците на двата клуба продолжиле да преговараат.
Но, според изјавата на Венгер се уште договорот е далеку од завршена работа.
„Не можам ништо да објавам денес, во моментов останувам таму каде што сме, не можам повеќе ништо да ви кажам. Се може да се случи, а договорот е далеку од завршена работа“, изјави Венгер.
Потоа Венгер одговори и на прашањето дали Жиру ќе биде дел од понудата за Обамејанг.
„Не. Сакам Жиру да остане. Се надевам дека искусните фудбалер ќе останат во екипата, тоа би можело да се промни само доколку доведеме некого“, заврши Венгер.
Оваа изјава иако Венгер тврди дека сака Жиру да остане, медиумите ја протолкуваа како најава за заминување на Французинот, доколку Обамејанг се приклучи на Арсенал.