Атлетико Мадрид ќе биде тимот што ќе заврши како првопласиран во 2020 година во Ла Лига, а ова може да биде најава дека Ла Лига сезонава ќе биде во знакот на „јорганџиите“.
Вчера Атлетико со 1:0 славеше против Гетафе, и сега тие се лидери пред Реал Мадрид со два бода повеќе и плус имаат два натпревари помалку што значи дека разликата може да биде и плус осум. Барса е уште подоле, на шестата позиција и од каталонскиот гигант Атлетико е одалечен дури 10 бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Четата на Симеоне игра одлично и до сега има учинок од 11 победи, два нерешени натпревари и само еден пораз.
Шпанските медиуми сега објавија и еден интересен податок, а тој вели – ако и веруваме на традицијата шампион сезонава во Ла Лига ќе биде Атлетико. Атлетико секогаш ја освојувал Ла лига кога на Нова година бил лидер ќе видиме дали и оваа сезона ќе биде така.