Дома Фудбал Трагичарот Луиз по дербито: Сакам да останам во Арсенал (ВИДЕО)

Трагичарот Луиз по дербито: Сакам да останам во Арсенал (ВИДЕО)

Вчера продолжи англиската Премиер Лига, Арсенал повторно изгуби едно дерби. Овој пат Манчестер Сити ги победи „топџиите“ со 3:0.

Главен трагичар на натпреварот беше Давид Луиз. Луиз во игра влезе во 24. минутата на местото на Пабло Мари кој се повреди. На теренот вкупно помина 25 минути и одигра катастрофално лошо. Прво погреши кога Стерлинг го постигна голот за водство, а потоа на стартот од второто полувреме во 48. минута направи прекршок за црвен картон и пенал.

После натпреварот Луиз порача дека сака да остане во Арсенал.

„Јас погрешив. Тимот играше добро и со 10 играчи. Сите денес беа добри, но јас направив грешка. Сакам да бидам тука, тренерот тоа го знае, сакам да останам“, изјави Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …