Дома Фудбал Трагедија: Почина млад талент на Атлетико Мадрид

Трагедија: Почина млад талент на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид официјално ја потврди тажната вест дека починал 14-годишниот фудбалер Кристијан Минчола.

Претседателот на оваа екипа, Енрике Серезо изрази сочувство до семејството и рече дека во клубот се шокирани. Причините за смртта не се наведени во соопштението од шпанскиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Шокирани сме од тажната вест за смртта на нашиот играч. Атлетико Мадрид како клуб и ние како вработени, цело време ќе бидеме до семејството, кое, се соочи со голема загуба“, изјави Серезо.

Минчола важел за еден од најголемите таленти во академијата на Атлетико и му се предвидувало голема кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш беше најскап бек во светот, сега пронајде нов клуб

Бенџамин Менди (31) ќе потпише двегодишен договор со Погон Шчеќин, информираат полските ме…