Дома Фудбал Останато Тој можеше да биде најдобриот, но еден телефонски повик промени се…

Тој можеше да биде најдобриот, но еден телефонски повик промени се…

Фудбалот е преполн со приказни за талентирани фудбалери кои немале среќен.

Посебно тажна е онаа која зад себе ја има Бразилецот, Адријано. Кој знае во каков фудбалер ќе прераснеше да не доаѓаше од популарните бразилски „фавели“. Имаше се што е потребно за еден напаѓач, во Интер и Парма го докажа тоа, но неговата кариера се промени после смртта на неговиот татко.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Игравме пријателски натпревар против Реал и Адријано постигна импресивен погодок. Си реков себе си, ова е новиот Роналдо. Имаше се: сила, техника, дриблинг, брзина, шут, движење… Но дојде од „фавелите“, тоа ме плашеше. Забележав опасност, тешко е кога ќе се збогатите, а претходно, не сте имале ништо“- зборуваше Хавиер Занети и продолжи:

„Се плашев дека ќе си направи проблеми. Тогаш доби телефонски повик од Бразил, му беше соопштено дека неговиот татко почина. Видов како го фрли телефоно и почна да вика на цел глас. И денес се ежам кога ќе се сетам на тие моменти. Од тој ден јас и Морати (поранешниот претседател), на него гледавме како на помал брат. Продолжи игра, постигнува голови и да ги посветува на неговиот татко. Но, после тој повик повеќе ништо не беше исто“.

Иван Кордоба помина една ноќ со него и му кажа: Адри, ти си мешавина на Роналдо и Ибрахимовиќ. Дали си свесен дека можеш да станеш најдобар фудбалер во светот? Но, залудно беше, не успеавме да го извлечеме од депресијата. За тоа сеуште жалам“, изјави за крај Занети.

Адријано во еден момент откри дека две години му биле потребни за да сфати дека неговиот татко навистина го нема.

„Две години ми беа потребни да сфатам дека повеќе го нема, мојот мозок не беше свесен за тоа. Не го видов кога почина и цело време во Италија живеев како да е сеуште тука. Но, кога дојдов во Бразил и не ме пречка, сфатив дека навистина повеќе него го нема“, изјави своевремно Адријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…