Дома Фудбал Англија ТОЈ Е ГОСПОДАР ВО МАНЧЕСТЕР: Човекот на Мурињо кој од сенка владее на „Олд Трафорд“

ТОЈ Е ГОСПОДАР ВО МАНЧЕСТЕР: Човекот на Мурињо кој од сенка владее на „Олд Трафорд“

Учинокот на Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед не се гледа како головите на Ромелу Лукаку, ниту како одбраните на Де Геа, но навивачите на „Црвените ѓаволи“, како и сите оние кои го гледаат фудбалот малку повнимателно, јасно им е дека Србинот е главната сила на Жозе Мурињо.

На натпреварот против Тотенхем (1:0), триумфот на Јунајтед го донесе Мартиал, му асистираше Лукаку, добар беше и Валенсија, но сепак, најголемата работа ја одработи репрезентативецот на Србија. Никој не можеше да помине на средината на теренот, секое негово додавање беше прецизно, а поддржувачите на Јунајтед тоа знаат да го ценат.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Матиќ? Класа… Смирен, силен, токму она што ни треба – е пораката за српскиот играч, пишува „Blic“.

Матиќ е вистински владател на Јунајтед од сенка! Токму овој играч е доказ колку Мурињо знае за фудбалот. Цело лето се обидуваше да го доведе. Сега на сите им е јасно зошто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл од Јувентус доби понуда „што не се одбива“, а тоа значи и дека Исак оди во Ливерпул?

Ливерпул не сака да се откаже од потпишувањето на Александер Исак од Њукасл, и ќе направи …