Дома Трансфер зона Тотенхем не се плаши да го продаде Ериксен на директен ривал

Тотенхем не се плаши да го продаде Ериксен на директен ривал

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви даде интересна изјава за иднината на Кристиан Ериксен.

Договорот на данскиот плејмејкер истекува на крајот на сезоната, па зимскиот преоден рок ќе биде последна можност за Тотенхем да заработи на негова продажба.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид и Јувентус се сметаат како главни фаворити за неговиот потпис, но претседателот на Тотенхем изјави дека е отворен за продажба и на директен ривал од Премиер лигата.

„Искрено кажано, не се плашиме да го продадеме на директни конкуренти. За мене се е многу едноставно. За еден фудбалер да потпише нов договор, треба финансиските детали да бидат прифатливи, но и фудбалерот дасака да остане. Можеби ќе има такбви кои сакаат да останат, некои не“, изјави Леви.

Покрај Ериксен, договорот на крајот на сезоната истекува и на дефанзивците Тоби Алдервајлед и Јан Вертонген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …