Дома Фудбал Англија Тотенхем конечно го потврди новиот тренер

Тотенхем конечно го потврди новиот тренер

После долги преговори Тотенхем конечно има нов тренер, а станува збор за португалскиот стратег, Нуно Еспирито Санто.

Португалецот го водеше Вулверхемптон претходните четири години. Со „волците“ тој влезе во Премиер лигата од Чемпионшип и го направи клубот стабилен прволигаш.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Многу тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Тотенхем, па на крајот беше постигнат договор со Нуно Еспирито Санто, кој потпиша договор до 2023 година.

„Почестен сум и задоволен што сум менаџер на Тотенхем. Немаме време за губење, мора да започнеме со работа веднаш, предсезоната започнува за неколку дена“, изјави Еспирито Санто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Ако на светот постои тим што може да победи во Минхен, тоа е Реал Мадрид“

Во Мадрид синоќа видовме „атомски“ фудбал во изведба на Реал и Баерн, триумф на гостите со…