Поранешниот легендарен фудбалер на Арсенал, а сега стручен коментатор од Премиер лигата за „Скај Спорт“, Пол Мерсон испрати критики кон Жозе Мурињо и начинот на кој игра Тотенхем.
На Мурињо првпат во кариерата му се случува да има три порази по ред и поради лошата форма, од првопласиран тим во декември Тотенхем сега на 8. место со дури 14 бода помалку од лидерот Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во студиото Мерсон порача дека Тотенхем го игра најлошиот фудбал во лигата.
„Дел од фановите на Тотенхем можеби ќе кажат дека претерувам, но тие во овој момент се најлошиот тим за гледање. Шефилд е последен тим, а претходната недела отидоа во Манчестер и го направија она што Тотенхем не успеа да го направи на домашен терен. Треба да кажеме и дека Шефилд сигурно нема квалитет како Тотенхем. И Фулам е тука, немаат талентирани играчи, меѓутоа направија се за да стигнат до позитивен резултат кај Лестер. Има и други пример, мораат да го променат начинот на играње“, изјави Мерсон.