Дома Трансфер зона Тотенхем го „украде“ големиот талент пред носот на италијанските гиганти

Тотенхем го „украде“ големиот талент пред носот на италијанските гиганти

Тотенхем го договори потписот на 19-годишниот лев бек Дестини Удоги од Удинезе, пренесуваат италијанските медиуми.

Според Фабрицио Романо, „Спарси“ за талентираниот играч ќе платат 20 милиони евра плус бонуси.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, младиот дефанзивец нема да се приклучи на тимот на Антонио Конте до следното лето, бидејќи ќе остане уште една година на позајмица во Удинезе.

Удоги беше едно од откритијата за минатата сезона во Серија А, забележа 35 настапи со 5 гола и 3 асистенции, и го привлече интересот на италијанските гиганти Интер и Јувентус.

Има и 4 натпревари со младинската репрезентација на Италија, а Тотенхем успеа да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…