Дома Фудбал Тотенхем во Скопје како во „карантин“: Нема тренинг, нема ниту прес!

Тотенхем во Скопје како во „карантин“: Нема тренинг, нема ниту прес!

Жозе Мурињо и Тотенхем во среда пристигнуваат во Скопје за дуелот против Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа, кој се игра во четврток.

Премиерлигашот максимално ќе се заштити од пандемијата со Ковид 19, па буквално во Македонија ќе биде како во „карантин“.

Имено, „спарси“ одлучија во Скопје воопшто да не излегуваат од хотел, и нема да имаат ниту тренинг, ниту пресконференција.

Во среда попладне ќе го одработат тренингот во својот камп во Лондон, таму Мурињо ќе има и прес, а потоа со авион летаат за Скопје каде ќе пристигнат во вечерните часови во Македонија. 

Веднаш по завршувањето на дуелот, в четврток вечерта Тотенхем ќе се врати во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мерсон го вклучи алармот: За Ливерпул нема титула без победа над Арсенал

Пол Мерсон смета дека неделното дерби на „Енфилд“ е клучен тест за шампионските амбиции на…