Напаѓалот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес има намера да ги напушти „јорганџиите“ уште во зимскиот трансфер период, пренесува „Кадена Сер“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Легендата на Атлетико не е задоволен од својот моментален статус во тимот и од минутажата која ја добива, па веќе ја разгледува можноста да се пресели во САД или Кина.
Неговата минутажа додатно ќе се намали од почетокот на идната година бидејќи Диего Коста ќе се приклучи на тимот, па „Ел Нињо“ сериозно размислува да замине шест месеци пред истекот на договорот.
Торес е дете на Атлетико и во Мадрид се врати во 2015 година, но оваа сезона е на маргините кај Диего Симеоне.