Дома Фудбал Репрезентации Тони Крос носи изненадувачка одлука?

Тони Крос носи изненадувачка одлука?

Тони Крос размислува за враќање во германската репрезентација, објави реномираниот спортски медиум „Атлетик“.

Долгогодишниот член на Реал Мадрид ја напушти репрезентацијата по Европското првенство во 2021 година каде што Германија во осминафиналето беше елиминирана од Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дресот на репрезентацијата Крос го носеше на 106 натпревари и постигна 17 голови, а беше дел и од селекцијата која во 2014 година го освои Мундијалот во Бразил. Три години по пензионирањето еден од најдобрите играчи за врска може да се врати и да заигра на Европското првенство на кое домаќин е токму Германија.

Германија на Европското првенство ќе игра со Шкотска, Унгарија и Швајцарија. Очекувањата на Германците од овој турнир се големи, посебни што настапите на последните големи турнири беа неуспешни.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ГЕРМАНИЈА ВО 2023 ГОДИНА:

Германија – Перу 2:0

Германија – Белгија 2:3

Германија – Украина 3:3

Полска – Германија 1:0

Германија – Колумбија 0:2

Германија – Јапонија 1:4

Германија – Франција 2:1

САД – Германија 1:3

Мексико – Германија 2:2

Германија – Турција 2:3

Австрија – Германија 2:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…