Дома Ракомет Томовски: Соиграчите и анализата пред натпреварот ми помогнаа да имам добар настап

Томовски: Соиграчите и анализата пред натпреварот ми помогнаа да имам добар настап

Мартин Томовски вчера одигра фантастичен натпревар против Словенија, но неговите одбрани на крајот сепак не беа доволни Македонија да се израдува на победа (27:25).

Томовски истакна дека за неговиот одличен настап заслуги имала и одбраната која била на високо ниво.

„Изгубивме од Словенија, но во нашата игра видов многу позитивни работи. Одбраната беше на едно повисоко ниво, но малото невнимание и грешките скапо ги плативме. Имав добар настап, но затоа ми помогнаа соиграчите како и анализата пред натпреварот“.

„Натпреварот е зад нас, денес е нов ден и ќе се погрижиме да ги поправиме недостатоците. Ќе дадеме се од себе за позитивен резултат против Црна Гора“, изјави македонскиот голман.

Натпреварот со Црна Гора го играме утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Карова со два подиума го предводеше Кочани до четири одличја во Бар

Наталија Карова освои сребро меѓу сениорките и бронза во У21 на „Трофејот на Бар“. КК Коча…