Томас Милер е незадоволен од статусот на резерва во Баерн Минхен побарал да си замине од клубот во јануари.
Баварците одбиле да го продадат играчот, меѓутоа тој преку неговиот агент ќе инсистира на заминување од клубот во кој ја помина целата своја кариера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се шпекулираше дека за него има интерес од Милан и Интер, а сега се верува дека и Манчестер Јунајтед се вклучил во трката за неговиот потпис.
Јунајтед е во потрага по искусен напаѓач, прва и најевтина опција е Марио Манџукиќ, меѓутоа не се исклучува и ангажман на Милер кој и во минатото се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“.
Еминентниот ведник „Билд“ пренесува дека Милер се уште нема донесено конечна одлука и треба да избира помеѓу Милано и Манчестер.