Дома Фудбал Терзиќ: Не бевме фаворити ниту против Париз, ниту против Атлетико

Терзиќ: Не бевме фаворити ниту против Париз, ниту против Атлетико

БОРУСИЈА ДОРТМУНД од клупата во финалето на Лигата на шампионите ќе ја води Един Терзиќ, стручњак со хрватско потекло и човек кој со години му беше помошник на Славен Билиќ. Во 2020 година доби можност во Дортмунд, а од 2022 година е во вториот мандат на клупата на Борусија.

„Не играте финале, вие го добивате финалето – и тоа е нашата јасна цел. Среќни сме што сме тука, но мораме да победиме на Вембли против Реал Мадрид за да го земеме тој трофеј во наши раце“, рече Терзиќ и додаде:


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Јасно е дека тие се фаворити, но нам не ни е грижа. Не бевме фаворити ниту против Атлетико ниту против Париз. Се зависи од нас. Ако сме храбри, ако покажеме дека не сакаме да гледаме како Реал го крева трофејот, ако им дадеме вистински дуел, имаме шанси.

Да игравме 10 пати против Реал, тешко ќе излеземе како победници. Да игравме триесет или четириесет пати, тоа ќе беше невозможно. Но, кога ќе го сведете на еден натпревар, тоа е можно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …