Дома Фудбал Лига на шампиони Тео Ернандез со порака до „бјанконерите“: Молчете, ништо повеќе! (Фото)

Тео Ернандез со порака до „бјанконерите“: Молчете, ништо повеќе! (Фото)

После натпреварот во кој актуелниот европски шампион Реал Мадрид го елиминираше Јувентус со пенал во 93 минута, најмалку за што се зборува е самиот натпревар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанците славеа со вкупни 4:3, a oгромна прашина во фудбалската јавност предизвика пеналот досуден во последниот напад на Реал.

Лукас Васкез после натпреварот тврдеше дека пеналот бил очигледен и дека Мехди Бенатија го соборил, додека дефанзивецот на Јувентус се бранеше дека не направил прекршок.

Џанлуиџи Буфон во веројатно неговиот последен натпревар во Лигата на шампионите заработи црвен картон поради жестоките протести, а Џорџо Киелини со гестикулација им покажа на „кралевите“ дека платиле за да поминат.

Следуваа бурни реакции на социјалните мрежи, а одлучи да им одговори младиот фудбалер на клубот од Мадрид, Тео Ернандез.

Тој на својот Твитер профил објави фотографија под која напиша.

„Шшш, напред Реал и ништо повеќе“, со што им порача на „бјанконерите“ да престанат да се жалат дека се оштетени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…