Дома Фудбал Тен Хаг: Грешките што ги правиме се неприфатливи на ова ниво

Тен Хаг: Грешките што ги правиме се неприфатливи на ова ниво

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД го доживеа вториот последователен пораз во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

По лидерот во групата А, Баерн, Англичаните пред своите гледачи беа поразени од турскиот гигант Галатасарај.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


По мечот со Галатасарај ќе се засилат гласините и барањата за отказ на тренерот Ерик тен Хаг, а еве како тој го прокоментира последниот пораз:

“Не можете да си ги дозволите грешките во концентрацијата што ги правиме на ова ниво. Противникот брзо ве казнува. Ова е тешко да се контролира. Сите сме во ова заедно.

Бевме двапати во водство и ја контролиравме играта. Очекуваме повеќе од себе , сите заедно. Расмус постигна два одлични гола. Среќни сме поради тоа, но секако дека не победивме. Тој може да биде навистина среќен со своите голови.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …