Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа.
27-годишниот напаѓач постигна 18 гола оваа сезона и е еден од најефикасните напаѓачи во Европа, па е примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Приоритет на „црвените ѓаволи“ во јануари ќе биде засилување на нападот, а Тен Хаг го посочил Гираси како идеално засилување.
Напаѓачот има откупна клаузула од 18 милиони евра, која нема да биде проблем за клубот од „Олд Трафорд“.