Таткото на суперѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар ја коментираше повредата на својот син, како и шпекулациите за негово заминување од Париз.
Таткото на Нејмар ги повика судиите повеќе да го штитат неговиот син и потвди дека неговата иднина е во ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во моментов Нејмар е повреден. Тоа ги загрижува тие кои го сакаат фудбалот и кои обожаваат да го гледаат како игра. Ќе биде надвор од игра најмалку 10 недели. Враќање против Манчестер Јунајтед е невозможно. Сепак, сакам да апелирам до судиите да му пружаат повеќе заштита на Нејмар“, изјави таткото на најскапиот фудбалер.
„Шпекулациите за враќање во Барселона? Има само двајца луѓе кои можат да зборуваат за иднината на Нејмар, тој и јас. Тој е многу среќен во Париз. Не е вистина дека имало контакт со Барселона. Неговата сегашност и неговата иднина се во Париз. Сепак, тешко е да се зборува за иднината, бидејќи во фудбалот таа може да се промени во секој момент“, изјави Нејмар Сениор.
Neymar Senior: "The present is in Paris and the future is in Paris"https://t.co/jU96O4Zf1d pic.twitter.com/1hu6jPCAGo
— AS English (@English_AS) February 17, 2019