Дома Фудбал Тажните вести од Севиља ја кренаа Шпанија на нозе: Првата помош пристигнува од Барселона

Тажните вести од Севиља ја кренаа Шпанија на нозе: Првата помош пристигнува од Барселона

Тажни вести синоќа пристигнаа од Севиља бидејќи тренерот на тимот, Едуардо Беризо објави дека му е дијагностициран рак на простата.

Севиља успеа да освои бод против Ливерпул иако гостите на полувремето водеа со 3:0. Тренерот на шпанскиот клуб на полувреме одлучи да им соопшти на своите играчи дека му е дијагностициран рак, што очигледно предизвика инат кај играчите на тимот кои успеаа да изедначат на 3:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се уште не е познато дали Беризо ќе мора да ја напушти тренерската функција на Севиља, за да го започне лекувањето. Шпанските медиуми објавија вечерва дека прва се јавила Барселона која понудила помош за тренерот на Севиља.

Челниците на каталонскиот клуб, порачаа дека стојат на располагање да му помогнат на Беризо. Барселона го понудила својот лекарски тим како помош, бидејќи имаат искуство во тие работи, со оглед на тоа дека слични проблеми имаше некогашниот тренер на Барселона, Тито Виланова, кој почина пред неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…