Дома Останати Кошарка НБА Тажна вест од САД: Почина двократен освојувач на титулата во НБА лигата

Тажна вест од САД: Почина двократен освојувач на титулата во НБА лигата

Taжна вест ни пристигнува денес од НБА лигата. Изненадувачки на 66-годишна возраст почина Ерл Кјуретон.

Кјуретон почина на 66-годишна возраст и засега не се познати причините за смртта на екс-кошаркарот. Во кариерата настапуваше за повеќе екипи во најсилната лига во светот.

Успеа дури двапати да биде шампион во НБА лигата. Шампионскиот прстен го освојуваше со Филаделфија во 1983 година и со Хјустон Рокетс во 1994. Низ кариерата го носеше дресот на Детроит, Чикаго, Клиперс и Тороно.

Една година од кариерата помина и во Европа во дресот на Олимпија Милано по што се врати во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…