Дома Фудбал Останато Судот се огласи: Алвеш може да излезе од затвор, никој не знае кој ја платил кауцијата

Судот се огласи: Алвеш може да излезе од затвор, никој не знае кој ја платил кауцијата

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, осуден на четири и пол години затвор за силување во февруари, плати кауција од еден милион евра и ќе може да го напушти затворот, објави во денеска судот во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голем број претставници на медиумите денеска се собраа пред затворот Брајанс 2 за да известуваат за случајот кој е во центарот на вниманието во Шпанија повеќе од една година.

Ослободувањето на Алвеш сепак доаѓа со голем број ограничувања. Условите за ослободување на Алвеш вклучуваат откажување од бразилскиот и шпанскиот пасош за да не може да ја напушти Шпанија и обврска да се појавува на суд секоја недела или кога и да е повикан.

Не се знае и од каде Алвеш ги добил парите, откако минатата недела таткото на Нејмар изјави дека тие нема да ја платат кауцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кој е Елој Рум? Српскиот зет кој го воодушеви светот на Мундијалот и речиси го собори светскиот рекорд (Видео)

Имавме прекрасна приказна во првото коло кога се работи за голмани, и ја имаме и во второт…