Дома Фудбал Останато Судиската комисија потврди: Шкупи бил оштетен против Работнички

Судиската комисија потврди: Шкупи бил оштетен против Работнички

Како и минатата сезона, така и оваа судиската комисија на ФФМ продолжува да ги анализира спорните ситуации од натпреварите.

Ситуацијата која најмногу привлече внимание по првото коло се случи во скопското дерби помеѓу Шкупи и Работнички кога клубот од Дебар Маало доби пенал за водство во 82-та минута.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Според судиската комисија судиите погрешиле во таа ситуација..

На натпреварот ФК Работнички – ФК Шкупи одигран на 07.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 80 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Слаѓан Марковски.

80 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Погрешно досуден пенал)

Екипата на домаќините беше во напад, играч од екипата на домаќините додаде топка во шеснаесетникот на екипата на гостите, на неа тргнаа два противнички играчи, играчот на гостите прв стигна до топката, коректно ја изби  и потоа дојде до контакт помеѓу играчите.

Погрешна одлука на главниот судија, досуден е пенал за екипата на домаќините, но во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи бидејки играчот на гостите прв дојде до топката и ја изби коректно без да направи прекршок“, стои во анализата.

Комплетната анализа за останатите натпревари можете да ја погледнете – ТУКА.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…