Германските медиуми се погласно шпекулираат дека српскиот дефанзивец Невен Суботиќ би можел наскоро да му се придружи на Јирген Клоп во Ливерпул.
Суботиќ се мачи со повредите во последно време и поради тоа го загуби местото во првиот тим на Борусија Дортмунд. Сепак и покрај фактот што е надвор од терените долго време за него интерес покажува Ливерпул, а гермаските медиуми најавуваат дека наскоро Клоп и српскиот репрезентативец ќе ја обноват соработката токму на „Енфилд“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Клоп беше мојот ментор цели девет години. Тој ме поддржуваше, ме упатуваше и имаше доверба во мене. Со него и со Дортмунд го минав најубавиот период во мојата кариера. Поради тоа сум многу благодарен. Тој е многу важна личност во мојот живот и јас сум негов должник“, изјави Суботиќ.
Оваа сезона Суботиќ нема одиграно ниту еден натпревар за „милионерите“ и најверојатно ќе ја промени средината во јануарскиот преоден рок.