Дома Фудбал Суарез: Ќе се вратам на спектакуларен начин

Суарез: Ќе се вратам на спектакуларен начин

suarez

Напаѓачот на Барселона Луис Суарез нема да настапи на пријателските натпревари за репрезентацијата на Уругвај со цел одморен да се врати на обврските во Ла Лига.

Суарез во сите натпреварувања од почетокот на сезоната постигна само три погодоци, а бидејќи е во потрага по вистинската форма после повредата, можеби малку одмор е она што му е потребно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругваецот верува дека оваа пауза за него доаѓа во вистинско време.

„Откако ќе се одморам и ќе се вратам тоа ќе го направам на спектакуларен начин. После повредата на коленото прерано се вратив на теренот и на долги стази тоа не би било добро. На физичко ниво бев под притисок, а одмор поради репрезентативните обврски немав. Сега е одлично што постигнав договор со Барса и репрезентацијата. Пријателските средби против Полска и Австрија во овој момент не се приоритет“, изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германец го менува Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Тен  Хаг најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Манчестер…