Валверде и раководството на Барселона се помалку и помалку имаат трпение за Луис Суарез кој оваа сезона игра непрепознатливо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговата иднина на „Камп Ноу“ е неизвесна, а шпанските медиуми тврдат дека Барселона веќе ја почнала потрагата по неговиот наследник.
Имено, раководството на Барселона веќе направиле список од неколку напаѓачи кои би требало да ја добијат „деветката“ на „Камп Ноу“.
Хари Кејн е најголемата желба на Барселона, но ќе мораат да се изборат со конкуренцијата бидејќи за Англичанецот интерес покажува и Реал Мадрид.
Доколку не успеат да го донесат Кејн, Барселона ќе се насочи кон Андреа Белоти од Торино, а трета опција е Долберг од Ајакс.