Страшен инцидент се случил ноќта измеѓу недела и понеделник на бензиска пумпа во БиХ.
Имено, српскиот ракометар, Никола Томиќ бил избоден со нож во пределот на вратот од женско лице. Засега причините за инцидентот не се познати, а се огласија и од неговиот клубот Дрина од Зворник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Поради немилиот настан што го потресе нашиот клуб, решивме да и се обратиме на јавноста. За жал, овојпат не зборуваме за спортски успеси или настани. На 16.4.2023 година, околу три часа по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Зворник го привеле лицето И.Л. за обид за убиство. Нашиот ракометар Никола Томиќ беше нападнат со ладно оружје, а во таа прилика се здоби со повреди во пределот на вратот во вид на тешка расекотина. За наша среќа, ако може да се нарече среќа, по ладнокрвниот напад Никола брзо беше згрижен во болницата Зворник“, објави клубот на Томиќ.
Nikola Tomić, rukometaš koji je preživeo pokušaj ubistva. Drži se, momče! pic.twitter.com/WgAFMvTE3G
— kojic_sportski (@KSportski) April 18, 2023