Дома Фудбал Останато Стравува половина Европа: Роналдо бил на вечера со соиграчите

Стравува половина Европа: Роналдо бил на вечера со соиграчите

Фудбалската федерација на Португалија потврди дека Кристиано Роналдо е позитивен на Ковид 19.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалија утре ќе игра против Шведска во Лигата на нации, па утрово сите репрезентативци беа тестирани на коронавирус.

Попладнево беше потврдено дека Кристиано Роналдо имал позитивен тест на Ковид и веднаш е остранет од тимот.

Според протоколите Роналдо ќе биде 14 дена во изолација, а добрата вест е дека нема симптоми.

Она што ги загрижува сите е фактот што Роналдо вчера бил на вечера со сите соиграчи од репрезентацијата, кои утре ќе се вратат во своите клубови ширум Европа.

Според новите правила на УЕФА соиграчите кои биле во контакт нема да одат во самоизолација, утре ќе играат натпревар против Шведска, а потоа ќе бидат тестирани повторно кога ќе се вратат во своите клубови.

Во репрезентацијата на Португалија има фудбалери од 25 различни клубови, најмногу од петте најсилни во Европа,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…