Дома Топ вести Столе Димитриевски проговори за трансферот во Барселона

Столе Димитриевски проговори за трансферот во Барселона

Денес се појавија информации дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред трансфер во Барселона.

Димитриевски сега се огласи за шпанските медиуми и истакна дека е фокусиран само на настапите со Рајо Валекано.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Не дозволувам тоа да ми го одвлекува вниманието. Немам никакви информации, не би сакал да знам бидејќи може да влијае врз мене. Јас сум фокусиран само на настапите со Рајо Валекано“.

„Сите сакаме да играме за голем клуб, но јас се фокусирам на мојата работа во Рајо. Среќен сум и задоволен, и секогаш добивам поддршка од сите во клубот. Работиме да се подобриме и да му помогнеме на клубот да биде на највисоко можно ниво“, изјави Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Tрагедија во Колумбија: На забава почина поранешен репрезентативец кој играше и на Светско првенство

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Колумбија, Хорхе Болано, почина на 47-годишна воз…