Македонскиот шампион Вардар трета година по ред ќе игра на завршниот „Фајнл Фор“ во Келн, што е огромен успех ако се земе во предвид турбулентната сезона.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше дел од истирискиот успех во 2017 година и тврди дека е успех и самото учество на „Фајнл Фор“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вардар во првиот меч ќе ги одмери силите со Барселона, а Стоилов им ја препушта фаворитската улога на Шпанците.
„Ова е наше трето учество во Келн, не сме фаворити и играме против Барселона која е најголем фаворит. Барселона има одлична сезона, но на фајнал фор сите имаат шанси подеднакви шанси. Се игра еден натпревар и се може да се случи. Самото наше доаѓање во Келн е огромен успех за тимот. Многумина не очекуваа тоа да се случи, можеби и ние самите, имавме тешка сезона но тука сме во Келн и дојдовме да се надигруваме“, истакна Стоилов.