Дома Топ вести Стигна и потврдата – Оваа изјава на Едуардо Берицо ги израдува „топџиите“!

Стигна и потврдата – Оваа изјава на Едуардо Берицо ги израдува „топџиите“!

Сега е се јасно…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Севиља, Едуардо Берицо индиректно потврди дека Стивен Нзози ќе го напушти клубот оваа зима.

Како што е познато Французинот влезе во конфликт со тренерот Берицо во текот на полувремето во натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите и од тогаш е отстранет од екипата.

Англиските медиуми веќе пренесуваат дека Арсенал е спремен да ја плати откупната клазула на фудбалерот.

„Тоа е тема која ќе ја разгледуваме во текот на зимската пауза. Тие работи ја нарушија атмосферата во соблекувалната, но мојата одлука беше од техничка природа. Ќе ја погледнеме ситуацијата од сите страни и ќе донесеме одлука која е најдобра за клубот“, изјави Берицо.

После овие негови зборови, нема дилеми дека Нзози ќе го напушти тимот од Андалузија оваа сезона, а тешко дека некој може да парира на понудата на Арсенал во овој момент, иако не е тајна дека го посакуваат Јувентус и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…