Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе биде разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.
Клубот од Дамс рутински беше поразен на гостински терен од клуб од долната половина во вториот ранг на натпреварување во оваа земја, па поради тоа раководството е разочарано.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Колапсот во купот пристигна во Ал-Етифак како кулминација на катастрофалната форма на тимот на Џерард во се поконкурентниот шампионат, па би било изненадување ако англиската легенда остане на клупата.
Избраниците на Џерард последен пат славеа кон средината на септември, што е премалку за високите примања кои поранешниот фудбалер ги остварува на годишно ниво. Според медиумите платата на Џерард во Ал-Етифак е 15,2 милиони фунти.
Џерард пред да замине во Саудиска Арабија во летото 2023 година работеше во Астон Вила и Глазгов Ренџерс.