Дома Фудбал „Староседелците“ во Барса се чуствуваат измамено?

„Староседелците“ во Барса се чуствуваат измамено?

Aтмосферата во соблекувалната на Барселона не е најдобра, пишува денес „Марка“, а тоа наводно е така затоа што Каталонците не завршија многу од планираните работи во преодниот рок.

Наводно поголем дел од играчите на Барселона се чуствуваат измамени поради неуспешните потези во преодниот рок. Пред се тоа се однесува на враќањето на Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно се разочарани „староседелците“ кои беа за тоа Нејмар да се врати.

Можноста одново да се формира трио Меси, Нејмар Суарез со тоа што сега тука би бил и Гризман била примамлива и играчите разговарале со Бартомеу на кого му порачале дека сакаат да го видат Нејмар повторно во клубот.

Меѓутоа преодниот рок е завршен, Нејмар остана во ПСЖ. Играчите на Барселона веруваат дека клубот не направил се за да го врати Нејмар. Според информациите тие сметаат дека Барселона испраќала понуди само како „блеф“ со цел да ги задржи среќни.

Исто така Ракитиќ не е среќен поради начинот на кој клубот сакаше да се искористи во трансфер пакетот за Нејмар, а наводно е незадоволен и од тоа што Валверде го изостава од стартниот тим на отварањето од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква чест: Миовски номиниран за најдобар во Шкотска!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има неверојатна сезона во Шкотска, а потврда з…