Дома Фудбал Италија „Старата дама“ со кам бек на моќниот тандем, влегува со предност во дербито против Лацио

„Старата дама“ со кам бек на моќниот тандем, влегува со предност во дербито против Лацио

Фудбалерите на Јувентус, Сами Кедира и Марио Манџукиќ ќе бидат во составот на „Старата дама“ за утрешниот дуел против Лацио, пренесоа италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кедира беше надвор од терените поради повредата на коленото која ја заработи во август, но доби зелено светло и ќе се најде на списокот за мечот од осмото коло во Серија А.

Што се однесува до Манџукиќ во Јувентус стравуваа дека напаѓачот доживеал сериозна повреда во дресот на репрезентацијата на Хрватска, но 31-годишниот фудбалер ќе биде во конкуренција.

Јувентус по седум одиграни кола е на втората позиција на табелата во Серија А со 19 бодови, два бода помелку од првопласираниот Наполи. Лацио е четврти со 16 освоени бодови.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Душан Влаховиќ не одговара на неверојатната понуда – Чека повик кој нема да дојде!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од првиот ден на јули е слободен играч. Ја напушти Јувенту…